Значајна смена во руската морнарица: Црноморската флота доби нов командант!
Руското раководство донесе одлука да го смени адмиралот Виктор Соколов од функцијата командант на Црноморската флота. На негово место е назначен Сергеј Михајлович Пинчук.
Тој е роден на 26 јули 1971 година и е офицер на руската морнарица. Во моментов има чин вицеадмирал и досега беше заменик командант на Црноморската флота.
Во февруари 2014 година, Пинчук беше унапреден во контраадмирал, а во септември 2014 година почна да студира на Воената академија на Генералштабот на руските вооружени сили.
Пинчук дипломира на академијата во 2016 година, а во јули истата година е назначен за вршител на должноста командант на Касписката флотила, а на функцијата бил потврден на 20 септември. На 18 февруари 2021 година, тој е унапреден во чин вицеадмирал. На 9 мај 2021 година, Пинчук е назначен за заменик врховен командант на Црноморската флота.
Претходниот прв човек на Црноморската флота, адмирал Соколов ја извршуваше оваа функција од 14 август 2022 година, заменувајќи го адмиралот Игор Осипов, под чие раководство руската Црноморска флота го загуби разурнувачот „Москва“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…