Значи не е се’ до санкциите: Црна Гора има најниски горива во регионот!
Според објавата на црногорската Влада на нивниот инстаграм профил, горивата во земјата се со најниски цени во регионот.
Владата во Подгорица објави дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.
„Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија – 1,70 евра”, велат од црногорската Влада.
Со цена од 1,48 евра за литар дизелот е најевтин во Црна Гора и во Македонија, додека останатите цени во регионот се движат од 1,52 евра во Хрватска, 1,60 евра во Словенија, 1,64 евра во Босна и Херцеговина, 1,83 евра во Србија, 1,88 евра во Албанија до 1,90 евра во Косово.
„Ги поддржуваме и граѓаните и економијата”, се додава во инстаграм објавата на црногорската Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари
Цената на горивата од ноќеска на полноќ…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Поскапуваат бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…
Добра вест: Поевтинува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за…
Се зголемуваат цените на горивата во Македонија
Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија…