Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

t

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – директор на Центарот за истражување и анализа

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Сериозноста на трагедијата во Кочани која ја погоди цела Македонија и во која заубивме 59 млади животи гласно повикува на непристрасна истрага за лоцирање на одговорноста од сите, без исклучок.

Од првиот ден СДСМ дава силна поддршка на независна, темелна и неселективна истрага која ќе лоцира одговорност за сите поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари.

Државата, институциите, мора да покажат капацитет да ја спроведат правдата до крај.

Тоа им го должиме на семејствата на жртвите, на граѓаните и на иднинте генерации. Ваков ужас, вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.

Од она што досега се случува со текот на истрагата и за што имаме информации изразуваме длабока загриженост дека истрагата се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.

Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани.

Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување.

Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата?

Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан.

Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови.

Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил?
Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор.

Јавноста има право да знае зошто, ако се гони поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период.

Селективната правда не е никаква правда. Доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко.

СДСМ бара целосна, независна и неселективна истрага. Правдата мора да биде задоволена и да биде еднаква за сите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…

Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…

СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…

Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…

Трансплантација на кожа добија шест пациенти од…

На Универзитетската клиника за хируршки болести во…

(Видео) Дождот не спречи илјадници кочанчани да…

Дождот не спречи илјадници кочанчани да излезат…