Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(5.) Битка за вистинска демократија во Македонија
Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(5.)
Битка за вистинска демократија во Македонија
/Првиот чекор е слободни, фер и демократски избори/
Ако ги анализираме сите досегашни избори во Македонија и извештаите за нив од ОБСЕ/ОДИХР, ќе забележиме дека, стандартите слободни, фер и демократски избори, се испочитувани само во 1900-та, 1998-та и 2002-та. Во сите останати има безброј неправилности, недоследности и прекршување, како на меѓународните стандарди за избори, така и на домашната изборна легислатива. Склони сме оваа вистина да не си ја признаваме, ама затоа, кога најмалку очекуваме, вистината ни експлодира во лице. Така, честопати бевме сведоци на бедата и срамотилакот на парламентот, извршната власт, судството и контролните механизми на системот. Видовме државна и партиска корупција, злоупотреба на јавните фондови, злоупотреба на функциите во јавниот сектор без малку во сите јавни институции. Ова непримерно и надвор од законот однесување на сите наведени чинители е инфлагранти компромитација на принципите на правда, еднаквост (недискриминација) и владеење на правото.
Ништо повеќе нема да биде исто после аферите Катица и СЈО, Рекет 1 и 2, собранискиот изборен инженеринг, и државната и партиска изборна корупција. Свеста за одговорна власт е падната на најниско ниво, а граѓаните изразуваат се поголем цинизам кон јавните и практични политики на политичките партии. Победниците на нефер и недемократски избори секогаш ја живеат нелагодноста, т.е. фатеноста во стапицата на “Проклетството на победникот“(winner’s curse). Тоа е еден вид непријатно чувство кога задоволството на победникот е поматено од сознанието дека платил превисока цена за “победата“.
Значи, изборите, како комплексен политички чин, се индикатор и катализатор на видот и степенот на политичката социјализација и култура. На вонинституционален план, изборите се битни за создавање поволна психолошка клима, за стабилност на политичката заедница и за идентификација на граѓаните со неа, а на институционално политички план пак, резултатот на изборите, доколку тие се слободни и непосредни, е легитимно претставничко тело кое ја презентира вољата на избирачите.
Сакаме ли да го достигнеме европското и светското демократско ниво, тогаш треба да знаеме дека ни претстои битка за вистинска демократија во Македонија.
Зошто?
Најпрвин затоа што македонското општество е партиски фрагментирано до тој степен што на граѓанската активност (невладини организации, здруженија синдикати) често се гледа како на “продолжена рака“ на власта, а богами и на опозицијата. Етничките и политичките расцепи се длабоки. Како на филмска лента се надоврзуваат историските и општествените околности од 1990 година до денес:
Недемократска транзиција како општествена деструкција;
Нетранспарентна, срамна и неправедна приватизација на општествениот и државниот капитал;
Создадена е голема армија на стечајци и невработени;
Предизвикано е богатење на малцинството на сметка на осиромашување на мнозинството кое и ден денес е во тек;
Создавање на мала група на пост комунистички олигарси;
Дозволено е увоз на терористи и предизвикување на етнички конфликт во 2001 година;
Државата и општеството постојано се во политичка, економска и морална криза;
Присутна е несватлива несоработка помеѓу власта и опозицијата;
Има се поголем број на масовно и неказниво кршење на човековите права;
Корупцијата, кронизмот и непотизмот се се помасовни и досегаат до врвовите на власта;
Македонското општество е длабоко фрагментирано;
Демократскиот процес е забавен и поткопан;
Маргинализирана е партиципативната улога на граѓанинот во демократијата;
Борбата за власт е бескрупулозна, жестока и нефер и во неа најчесто се користат недозволени и незаконски средства.
Краен резултат на сето ова е 78то место на Македонија на листата на Економист за развој на демократијата. Според таквиот индекс на демократија Македонската демократија е оценета како хибридна и е во друштво на Ел Салвадор, Украина и Бангладеш.
Предвид сето ова на Македонија, како држава и општество со мал опит во демократските води, ни треба најдобра демократија. Демократија која ќе го достигне врвот. Тоа со маргинализирани државни институции, поради коруптивното однесување на партиите на власт, непотизмот и кронизмот, тешко дека ќе го постигнеме. Она што во актуелниот миг ни е потребно е демократизација на самата демократија.
Политичките партии морат да се навикнат многу повеќе и уште подобро да соработуваат со граѓанскиот сектор. Во таа смисла охрабрувањата за силна граѓанска култура се неопхпдни и повеќе од потребни – сега и тука. Само така граѓанската сфера ќе биде поттикната од власта, која пак од своја страна таа е нејзина културна основа. Кога на овој двоен сооднос власт/влада – граѓански сектор/граѓанско општество, ќе се додаде и економијата, го добиваме триножното столче на демократијата за кое зборува Ентони Гиденс, и додава дека тие треба да бидат урамнотежени(Ентони Гиденс, Забеган свет, Филозофски факултет, Скопје, 2003).
Вистинската демократија во Македонија може правилно да се развива и притоа да прогресира, а не да стагнира и регресира, само ако се направат структурни промени во основата на системот, ако на нив се надоградат демократски односи на многу повисоко ниво од сегашното, и ако процесот го водат лидери со демократски капацитети.
Само така блокираното македонско општество ќе биде одблокирано, активирано и насочено во демократски прогрес. Воедно, тоа е и првиот чекор за справување со забеганите политички елити, што во финала ќе доведе до нивни неминовен пораз. Значи лидершип, и борба за демократија. Ништо не доаѓа и не се добива без борба. Демократијата на лице изгледа како кревко цвеќе. Ама во суштина е жилава билка, способна да преживее, и покрај сите авторитарни атаци врз неа. Тоа е и причина повеќе да се истрае во битката да демократија во Македонија. Првиот пак чекор во таа битка за демократија се фер, слободни и демократски избори.
(продолжува)
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…