Зошто парите од ЈСП Ленин Јовановски не ги префрлил на приватните превозници?
Градот Скопје не им должи на приватните превозници, изјавија самите тие на денешната прес-конференција.
Претходно сопственикот на Слобода превоз, Ленин Јовановски тврдеше дека Градот им должи 1,5 милиони евра на превозниците и дека тоа била една од причините поради кои тие престанаа со работа.
Но приватните превозници денеска открија дека Ленин им се заканувал дека не смеат сами да преговараат инаку ќе останат на улица, иако Градот не должел ништо.
Се поставува прашањето: Каде завршиле парите од ЈСП и зошто Јовановски не ги исплатил превозниците за нивната работа.
Инаку не е првпат Јовановски да ги измами приватните превозници. Во 2016. година тој “јадеше” шамари од превозниците затоа што беа незадоволни од договорот меѓу јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Слобода превоз за инсталирање на апарати за електронска наплата по цена од 4970 евра. Тие уште тогаш сметале дека раководството на Слобода превоз на чело со Ленин Јовановски манипулира со цените и со договорите и ги краде.
Она што е уште потрагично е што фискалните апарати кои тогаш приватните превозници ги платија по цена од 5 илјади евра никогаш не биле ставени во функција, откри пред неколку месеци градоначалничката Арсовска.
Останува Јовановски да им објасни на приватните превозници и на граѓаните каде завршија парите исплаќани од ЈСП, а очигледно не завршиле на правилно место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…
ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот…
Врз основа на поднесено писмено известување од…
Возрасен маж колабираше качувајќи се во автобус…
Во населбата Даме Груев утрово во автобус…
Три жени се повредени откако автобус на…
Три жени се повредени денеска во сообраќајната…
ЈСП: Средношколците ќе можат да користат бесплатен…
ЈСП ги информира средношколците кои ги исполнуваат…