Зошто централниот терен во Мелбурн не може да се вика „Новак Ѓоковиќ“?
Минатата година во светските медиуми почна дебата за тоа, главниот терен на кој се игра Австралија Опен, во Мелбурн да го добие името на најтрофејниот тенисер на овој турнир – Новак Ѓоковиќ.
Излезе дека размислувањата на оваа тема биле тотално бесмислени затоа што такво нешто воопшто не е возможно. Причините ги откри директорот на Австралија Опен, Крег Тили.
„За разлика од преостанатите три Гренд слема, ние не сме сопственици на објектите. ‘Ролан Гарос’, Вимблдон и УС Опен, односно тениските федерации на овие земји ги поседуваат стадионите, а ние ги изнајмуваме. Затоа и ние немаме право на промена на името. Сопственик е државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн“, објасни Тили.
И покрај тоа, директорот е поборник на идејата за промена на името на централниот терен во „Новак Ѓоковиќ“, но неа мора да ја претстави пред вистинските сопственици. Централниот терен сега се вика „Род Лејвер“ со тоа што така одлучиле лидерите на државата Викторија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху му вети на Трамп дека ќе…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информираше американскиот…
Иранскиот претседател вели дека ќе го почитува…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека ќе…
Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…
„Бугарија останува посветена на сите елементи од…
Мајката на Моника која загина во пожарот…
Верица Трифунова, мајката на Моника Спасова –…
Струмица на чекор до паметно управување со…
На денешната 22-ра работна конференција на Локалниот…