Нетанјаху му вети на Трамп дека ќе се воздржи од нови напади врз Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информираше американскиот претседател Доналд Трамп за време на денешниот телефонски разговор дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Трамп изрази увереност дека прекинот на огнот, кој го објави претходно, ќе биде стабилен, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
Трамп го објави примирјето доцна вчера, а Израел и Иран го потврдија утрово. Но, двете страни се обвинија меѓусебно за прекршувања, при што Трамп рече дека и двете го прекршиле договорот за примирје.
Кабинетот на Нетанјаху објави дека четири часа пред да стапи во сила прекинот на огнот, израелските сили убиле стотици ирански безбедносни лица и членови на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Иран, пак, испали бараж од ракети кратко пред крајниот рок за примирје, една ракета шест минути откако примирјето стапи во сила и уште две околу три и пол часа подоцна, се вели во соопштението.
„Овие ракети беа или пресретнати или паднаа на отворено и не предизвикаа жртви или штета“, соопшти кабинетот на Нетанјаху. „Како одговор на иранските прекршувања, воздухопловните сили уништија радарска инсталација во близина на Техеран“, се додава во соопштението.
Во разговорот со Нетанјаху, Трамп изрази „голема благодарност“ до Израел, кој ги постигна сите свои цели за војната, како и доверба во стабилноста на прекинот на огнот, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…