Ибрахимовиќ му одговори на Роналдо: Не трошам време, бадијала ќе зборувам…
Златан Ибрахимовиќ ја прокоментира изјавата на Кристијано Роналдо дека саудиската лига е подобра од француската Лига 1 и рече дека Португалецот нема никакви аргументи за изнесеното.
Јавноста ја прими изјавата на Роналдо со потсмев, а со сличен став е Ибрахимовиќ, кој вели дека француската лига сосема заслужено спаѓа во најквалитетните светски натпреварувања.
„Немам што да коментирам многу. Можам само да кажам дека чудно е да зборувате такво нешто кога немате никакви аргументи и докази. Целата историја, традиција и квалитет е на страната на Франција.
Во моментов мислам дека само Англија и Шпанија имаат посилна лига, но тука е секако и Италија. Да зборувате дека саудиската лига е посилна е навистина смешно и не треба да губиме време на тоа“, рече Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот мина дел од кариерата во францускиот ПСЖ и не случајно застана во одбрана на лигата, додека коментарите на Роналдо, очигледно, на моменти не се граничат со реалноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…