Објавено на:

Избегната трагедија како Пулс во Германија: 750 луѓе спасени во последен момент од пожар што уништи дискотека

t

Во германскиот град Кел избувна голем пожар кој целосно ја уништи дискотеката „Kiss-Club“ во раните утрински часови. Во моментот на пожарот, во објектот имало околу 750 посетители, објавија локалните медиуми.

И покрај брзото ширење на огнот, сите присутни успеале навреме да ја напуштат зградата. Некои од нив добиле медицинска помош поради шок и вдишување чад, но нема пријавени жртви.

Според пожарникарите, огнот бил забележан околу 3:45 часот наутро, најверојатно започнувајќи на покривната конструкција. Кога првите екипи пристигнале, објектот веќе бил целосно зафатен од пламен.

Полицијата и криминалистичките служби започнаа истрага за да го утврдат точниот причинител на пожарот. Засега не се исклучува ниту технички дефект ниту човечки фактор.

Иако дискотеката е целосно уништена, брзата реакција на персоналот и посетителите спречи трагедија од поголеми размери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избегната трагедија како Пулс во Германија: 750…

Во германскиот град Кел избувна голем пожар…

Писториус: НАТО ја штити Европа од ирански…

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави…

Косовските безбедносни сили на меѓународна вежба во…

Косовските безбедносни сили (КБС) им се придружија…

Германија се залага за нов договор за…

Германија се стреми да ги продлабочи одбранбените…

Бран кражби во Германија поради зголемувањето на…

Порастот на цените на горивата во Германија…