Писториус: НАТО ја штити Европа од ирански ракети
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Европа е безбедна од потенцијалниот дострел на иранските ракети, нагласувајќи дека континентот е заштитен преку системот на колективна одбрана на НАТО.
За време на посетата на австралиска касарна во близина на Бризбејн, Писториус рече дека Европа е „безбедна, особено затоа што Германија не се брани сама во воздушната одбрана, туку во рамки на силите на НАТО“.
Тој се осврна и на распоредувањето на системот за воздушна одбрана „Ероу 3“ (Arrow 3), набавен од Израел, кој наскоро треба да стане оперативен.
„Тоа е огромен чекор напред. Се сеќавам на критиките кога го набавивме – се тврдеше дека нема ракети што треба да се пресретнуваат“, изјави Писториус.
Системот „Ероу 3“ е наменет за уништување непријателски ракети на височина од над 100 километри – способност што германските вооружени сили (Бундесвер) досега ја немаа. Воздушната база Шеневалде/Холцдорф, на границата меѓу германските покраини Саксонија-Анхалт и Бранденбург, е првата од трите планирани локации за распоредување на системот.
Писториус истакна дека дострелот на иранските балистички ракети е одамна познат.
– Секако, теоретски тие можат да стигнат до Европа. Но, тоа го знаевме и претходно. Прашањето е со какви боеви глави и со каква прецизност. Затоа се потпираме на заедничката одбранбена способност на НАТО, додаде тој.
Министерот наведе и дека ракети за американскиот систем „Патриот“ наскоро ќе почнат да се произведуваат во Германија, од страна на компанијата МБДА (MBDA).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…
Романското Министерство за одбрана денес објави дека…
Иран: „Ормускиот теснец бил, е и ќе…
Иран порача дека Ормускиот теснец „ќе остане…
Кој е Мохсен Резаи, новиот шеф на…
Мохсен Резаи е една од основачките фигури…