Избори во Србија: Политичарите побрзаа на избирачките места уште рано наутро
Утрово во 7 часот во Србија почнаа републичките, покраинските и изборите за 65 општини и градови, меѓу кои и градот Белград.
Своето право на глас можат да го остварат 6.500.666 запишани избирачи на 8.273 избирачки места.
Избирачките места се затвораат во 20 часот.
Претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас денеска во 07:20 часот гласаше во општина Врачар.
Тој гласаше на избирачкото место во основното училиште „Јован Миодраговиќ“.
Ѓилас е кандидат на листата на Србија против насилство – Мирослав Мики Алексиќ – Мариника Тепиќ за функцијата пратеник во српското Собрание.
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ и носителот на листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ утрово околу 7 часот гласале на избирачкото место во месната заедница „Дедиње“, во белградската општина Савски венац.
Дачиќ на гласачкото место дошол во придружба на сопругата и синот.
Изборите во Србија денеска ќе ги следат 5.587 домашни и странски набљудувачи, меѓу кои девет домашни здруженија и 25 меѓународни организации и странски држави.
Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) Владимир Димитријевиќ во петокот изјави дека овие избори ќе ги следат рекорден број локални и странски набљудувачи.
Како што наведе, најмногу набљудувачи, 2.508 од нив, се од Црта, потоа „Граѓаните на бдеење“ со 233 набљудувачи, ЦеСИД со 974, „Рес публика“ со 210, потоа „Академски иницијативен форум“ со 12 набљудувачи, „Унија млади од градот Панчево“ со 137, „Правац Европа“ со 813 и „Крени пермени“ со 223 набљудувачи.
Изборите ќе ги надгледува набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), која, како што претходно беше најавено, вклучува 250 набљудувачи кои се задолжени за надзор на активностите на денот на изборите, додека 30 долгорочни набљудувачи го следи целиот изборен процес во државата.
Освен тоа, изборите во Србија ќе ги следи и Меѓународната фондација за изборни системи, потоа Парламентарното собрание на ОБСЕ, со околу 75 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Делегацијата на Европската унија во Србија, Европскиот парламент, потоа амбасадите на Норвешка, Швајцарија и Холандија.
Сите набљудувачи ќе имаат можност да ги додадат своите коментари за сите забележани нерегуларности во записникот за набљудување избори по избирачки места.
Набљудувачите самостојно го следат текот на изборите и не можат да учествуваат на нив, а за да бидат акредитирани за набљудување на изборите, домашни и странски набљудувачи требаше да се пријават до Републичката изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…