Изборна трка меѓу Мицкоски и Груевски би била бокс меч меѓу хипер тешка и перо лесна категорија – Мицкоски е лесна категорија
Нека каже што е тоа добро што Ванчо Михајлов го направил за македонскиот народ и што лошо и во исто време нека каже што е тоа добро што направил Груевски за овој народ, а што лошо. Овој требало да оди во историјата, овој во Идризово. Михајлов е докажан македономрзец, не нарекува говеда, тој му е дел од историскиот континуитет на партијата. Браво Христијан, а Груевски што ти е?- прашува во денешната епизода на Тешки муабети претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
– Качи ли плати, купи куќа купи стан, автопати, спортски сали, студентски поволности, аквапаркови, намалена невработеност, во делот на тендерите се менуваа за да се намали корупцијата, сите денешни проекти на оваа Влада се од негово време.
Како да кажам дека се е лошо што работел Груевски? Тоа е некоректно, лошото треба да се жигоса, доброто да го потенцираме.
Груевски го фати за краѓната и го устоличи во партијата, му остави имот, Белата палата му ја подари, вели Јакимовски кој на одговор на прашањето кој би победил во хипотетичка ситуација да се натпреваруваат на избори Мицкоски и Груевски вели:
– Тоа е како да гледаш бокс ама меѓу боксери во хипер тешка и перо лесна категорија, сепак Мицкски е боксер во лесна категорија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…