Известувачот за Македонија во ЕП: Интерпелацијата на Судскиот совет е загрижувачки знак за политичко мешање во судството

t

Интерпелацијата на членовите на Судскиот совет е загрижувачки знак за политичко мешање во судството, реагира Томас Вајц, известувачот за Македонија за Европскиот Парламент.

– „Овој повик од владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е од клучно значење за владеењето на правото и поделбата на власта, кои се фундаментални вредности за патот на Северна Македонија кон ЕУ“, реагира Вајц.

Претходно во Собранието беше изгласана интерпелација на членовите на Судскиот совет, по што власта апелираше членовите да ги напуштат функциите кои ги имаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…

Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

Апасиев: Ај ги поканиме мајките на загинатите…

Зошто да не ги поканиме мајките на…

Интерпелација на министерот Панче Тошковски денеска во…

Денеска во 11 часот е закажана седницата…