Извори за Инфомакс: Ковачевски не патува со комерцијален лет за да заштеди, пилотите се на обука во САД!
Пред неколку денови премиерот Димитар Ковачевски се пофали дека заедно со владин тим отпатува за Брисел со евтин комерцијален лет, наместо со владиниот авион, со цел да се заштедат средства.
Сепак, извори за Инфомакс велат дека премиерот летал со комерцијален лет не за да заштеди, туку затоа што пилотите биле на полугодишно обуки во Америка, нешто што на точно определено време е задолжително за пилотите.
Па така, кога влегол во комерцијален лет на Таче експертот за маркетинг му паднало на памет дека кога веќе и онака мора да лета со комерцијален лет, барем да го сликнат неговите и реклама да си направи лажејќи го народот дека многу штеди.
Инаку едната група пилоти, според нашите информации, се вратиле пред два дена, но тие се оние кои уште не смеат сами да летаат туку само со поискусен пилот. Втората група си доаѓа за 4-5 дена. Таче ќе поглуми совесен и штедлив премиер уште некое време и ќе си се врати на владиниот авион, вели изворот за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…