Извршната директорка на Европол до МВР: Следете ги парите на криминалните организации – Да се посвети повеќе внимание на финансискиот криминал

t

Македонската полиција е веќе на високо ниво во соработката со Европол. Сега треба да се утврдат следните чекори и да се следат парите на криминалните организации, е пораката што ја упати во интервјуто за МИА извршната директорка на Европската агенција за спроведување на законот – Европол, Катрин де Бол.

Таа потенцира дека соработката е многу добра на оперативно ниво, имаат директна интеракција со македонските полициски служби, имаме луѓе од полицијата во нашата канцеларија. Наведе дека заедно работат на различни случаи во различни области од криминалот и постигнуваат добри резултати. Извршната директорка на Европол ја истакна добрата соработка со Македонија во однос на криумчарењето мигранти.

-Поради вашата географска положба овде во регионот вие сте од клучно значење, како транзитна област и илегалната миграција често се користи од групите на организиран криминал, вели таа.

Де Бол смета дека треба и ќе се направат дополнителни напори и надградба во областа на економскиот и финансискиот криминал, како и на пример енкрипцијата, шифрираната комуникација, нагласувајќи дека за полицијата е многу тешко да се справи со тоа.

Во интервјуто таа говори и за потребата и нужноста од регионална соработка и поврзување во борбата со организираниот криминал во сите негови форми. Де Бол нагласи дека за нив регионот на Западен Балкан е од клучно значење за соработка, а Македонија беше првата земја во регионот со која Европол склучи оперативен договор во 2012 година. Од 2015 година, нагласи, имаме канцеларии за врски со Македонија во седиштето на Европол.

– Соработката помеѓу регионите во борбата против организираниот криминал е клучна затоа што единствениот начин да се разбие некоја криминална мрежа е да има добра мрежа на полициска соработка. Затоа сум тука. За нас регионот на Западен Балкан е од клучно значење за соработка. Со сите земји на Западен Балкан имаме оперативни договори за да можеме заедно да соработуваме во справувањето со организираниот криминал и во борбата против тероризмот, вели Де Бол во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…