Изгореа 4.000 метри квадратни трска на крајбрежјето на Охридското Езеро
Околу 4.000 метри квадратни трска и нискостеблеста вегетација била опожарена, покрај крајбрежјето на Охридското Езеро во близина на Струга.
СВР Охрид денеска информира дека на 9 април, во 1 часот и 30 минути случајот бил пријавен во ОВР Струга.
Покрај крајбрежието на Охридското Езеро, околу патеката која од Струга води кон селото Калишта, настанал пожар на државно земјиште со трска и нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Пред само десетина дена на овој потег беше регистриран и друг пожар, во кој била зафатена поголема површина со трски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојче е првото родено бебе во Струга!
Женско е првото родено бебе во Новата…
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…
(Видео) Во пожар изгоре кровната конструкција на…
Пожар избувна претпладнето во Безистенот во Струга,…
Иницијатива струшкиот КПД да стане женски затвор
Министерот за правда Игор Филков и Ардит Мустафаи,…
Се трага по 60-годишник од Струга –…
На 21.10.2024 во 16.45 часот во ОВР…