Изгоре возило во уличишен двор во Крива Паланка – Интервенираа пожарникари
Попладнево во училишниот двор на основното општинско училиште „Илинден”, Крива Паланка опожарено е возило, сопственост на вработен во оваа воспитно-образовна установа.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Крива Паланка, денеска во дворот на ООУ „Илинден” од патничко моторно возило, сопственост на служителот во училиштето се запалило, околу пладне.
-Пожарот избувнал додека возилото, марка „опел астра”, било паркирано во училишниот двор. Моторот е целосно изгорен, а причинета е поголема материјална штета. Во гаснењето на опожареното возило интервенираа двајца пожарникари од ТППЕ од Крива Паланка, со едно противпожарно возило, информира командирот на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски.
Во моментот на избувнување на пожарот, по брза реакција на вработените, останатите возила кои биле на паркингот, биле навремено отстранети и избегната е поголема материјална штета.
Се претпоставува дека причина за опожарувањето е неисправна инсталација на патничкото возило, но причините дополнително ќе се утврдуваат.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…
Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…
Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…
Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…