Изгоре куќа во Скопје

t

Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.

Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.

Сопствениците на опожарената куќа ја имаат издадено под кирија и во неа работат печатница и адвокатски канцеларии. Тие беа на местото на пожарот и се сомневаат дека е подметнат зашто во септември изгорела и соседната куќа, како што велат – исто така во недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата се намалува на хартија, цените за…

Инфлацијата годинава ќе биде на ниво од…

Блумберг: На Европа и се заканува недостиг…

Временските катастрофи и забрзаните климатски промени редовно…

„СИТЕ ЌЕ ГИ УБИЕМЕ, НЕ СЕ ГРИЖЕТЕ“:…

Станува збор за специјалисти за артилериско извидување…

Норвешката министерка за здравство поднесе оставка поради…

Министерката за здравство на Норвешка, Ингвилд Кјеркол…

20-годишник од Кочани со пиштол и нож…

Млад маж од Кочани се движел со…