Изгоре куќа во струмичко: Активни се неколку пожари во државава предизвикани од удар на горм
Од Центарот за управување со кризи јавуваат дека во 20:30 часот има неколку активни пожари и тоа:
Куманово-Стојан Арсов кај Кока гори сува трева, с.Проевце кај Ловечки дом гори Бор.
Пожарите се продизвикани од удар на гром. Кичево-с.Туин каде гори сува трева и нискостеблеста шума. Велес-помаѓу селата Голозинци и Лисиче, општина Чашка каде гори сува трева и нискостеблеста шума. Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. Пожарот е предизвикан од удар од гром.
Во селото Костурино, Струмишко, денеска, изгоре куќа во пожар што избувнал околу 11 часот.
Според информациите од ТППЕ Струмица, нема повредени, а пожарникарите кога пристигнале пожарот бил во разгорена фаза и веднаш било пристапено кон негово гаснење со што било спречено ширење кон околните објекти.
Огнот бил изгаснат по скоро два часа, а во гасењето учествувале девет пожарникари и три противпожарни возила.
Причините за избувнувањето на пожарот ќе се испитуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…
На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…