Изгоре „масата за дијалог“ на Еди Рама

t

Дел од учесниците на денешниот опозициски протест во Тирана ги запалија перничињата околу масата што албанскиот премиер Еди Рама ја постави пред својот кабинет како повик за дијалог со студентите. Албанските медиуми известија дека станува збор за поддржувачи на Демократската партија.

Камената маса, опкружена со седишта и листови со натпис „Дијалог“, беше поставена утрово. Рама ги објави снимките на социјалните мрежи, продолжувајќи ги повиците за разговор со учесниците во протестите.

Ова не е прва ваква симболична покана. Во претходните денови пред зградата беа поставени дрвени и пластични столчиња, кои демонстранти ги искршија. Рама изјави дека нема да се повлече од функцијата и дека е подготвен за дијалог, додека дел од протестирачите инсистираат на негова оставка.

Денешната мобилизација се одвива во услови на студентски протести што траат дванаесет дена. Поддршка за студентите изразија и универзитетски професори, лекари, синдикати и претставници на малите бизниси.

Во основата на незадоволството се состојбите во образованието, трошоците за студирање, јавните инвестиции и корупцијата. И покрај повторените повици за разговор, засега нема најавен договор за средба меѓу премиерот и претставници на демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…

„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…

Студентското движење во Србија успеа да го…

Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!

СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…

САД ги предупредија своите државјани и туристи…

Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…

Израел се соочува со нова сериозна политичка…