(Фото) Изгоре фабрика за полиестер во село Неготино

t

Противпожарните екипи на Гостивар од 00:45 часот со 9 пожарникари и три возила интервенирале синоќа на опожарен објект во село Неготино, општина Врапчиште, при што опожарен бил погон за изработка на полиестер, информира Центарот за управување со кризи.

-.Се работи за магацин за производство на полиестер кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот е делумно изгорен. Од страна на ТППЕ Гостивар побарана е и добиена помош од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 ПП возило кои интервенирале до 04:00 часот, соопшти ЦУК.

Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар.

Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сеуште има жар и чад поради што ТППЕ Гостивар сеуште се на терен. Не се познати причините за настанување на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција

Спрскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е…

Политико: Дали е ова крај за НАТО?

Додека се собраа на самитот, европските официјални…

(Видео) Како се апсеше штипски дилер во…

МВР информира за апсење на штипски дилер.…

Маж нападнат на кејот на Вардар –…

Обвинителството отвори истрага против 26-годишник за разбојништво…

Пристигнува првиот чартер лет на „Freebird Airlines“…

Заменик претседателот на Владата и министер за…