Изет Меџити се заканува, Ковачки го нема никаде да го брани законот кој го ветуваше
Една година пред да станат власт, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваа Закон за обесштетување на бранителите од 2001 година, сега, кога се на власт го блокираат законот поднесен од поранешната министерка Славјанка Петровска, бидејќи им пречи на нивните коалициони партнери од ВРЕДИ.
– Како пратеник во Собранието сакам да кажам дека завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме. Очекувам широк консензус по ова прашање, очекувам поддршка од СДС, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изрази жалење што денеска немаше претставници од Министерството за одбрана на оддавањето почит на загинатите односно починати бранители од 2001 година. – велеше Драган Ковачки на 26 март, 2023 година.
Денес Ковачки како пратеник во Собранието не прави апсолутно ништо за Законот да биде донесен, бидејќи коалиционите партнери од ВЛЕН се заканија со трета светска војна доколку во законот не бидат вметнати и терористите од УЧК.
Изет Меџити објави дека законот за бранителите нема да помине.
На социјалните мрежи Меџити напиша дека ДУИ, СДСМ и Левицата си ги здружиле силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии, па затоа законот за бранителите е на дневен ред во Собранието.
„Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранителите, без закон за привилегии на припадниците на УЧК. Јавно прашувам: дали законот за бранителите е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од фрапантно криминално богатење на челниците на ДУИ?“, напиша Меџити.
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во Собранието поднесе предлог-закон за бранителите, со кој се предвидува зголемување на надоместокот по степен на попреченост од 1.200 евра како максимална месечна вредност на 82 илјади евра доколку степенот на инвалидност е 100 проценти како еднократен надомест.
Oд „Влен“ претходно порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку тој не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК.
На социјалните мрежи Меџити напиша дека ДУИ, СДСМ и Левицата си ги здружиле силите за да ги реализираат предупредувањата за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии, па затоа законот за бранителите е на дневен ред во Собранието.
Денес Меџити повторно се заканува преку социјалните мрежи.
Да, ПОВТОАМ, исто како што кажав синоќа: Законот на Славјанка за бранителите НЕ ПОМИНА!
ДУИ преку СДСМ на дневен ред во Собранието го става Законот за бранители. ДУИ преку СДСМ и ЛЕВИЦА го напаѓа претседателот на Собранието Африм Гаши и бара негово разрешување само затоа што е Албанец. ДУИ преку СДСМ сака да го укине албанскиот јазик како службен.
Но НЕ, сите овие остануваат само неуспешни обиди, бидејќи ВЛЕН е гарант за правата на Албанците во оваа држава!
Не можете да им наштетите на Албанците, бидејќи ние имаме ХРАБРОСТ и МОЌ да ги заштитиме! – напиша Меџити на Фејсбук.
Каде се Ковачки како учесник во војната во 2001 година и премиерот што најавува дестабилизација да си го приберат коалициониот партнер кој се однесува како државата да ја наследил од дедо му?!
Мицкоски денеска наместо да го опомени неговиот коалиционен партнер, дава изјава дека Славјанка Петровска сака да редизвика етнички тензии.
„Овој закон кој што вчера беше на дневен ред е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска односно СДСМ и она што е интересно, кога се гласаше потребата за донесување на дневен ред, СДСМ ја напушти седницата. Зошто ова го споменувам, затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку за да создадат ваква состојба, за повторно етнички тензии, нетрпеливост бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите партии без разлика дали од македонскиот или албанскиот блок ќе играат во периодот што следи“, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешното отворање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Општина Бутел.
Никаде го нема ниту Стојанче Ангелов, кој ја напушти коалицијата с СДСМ наводно поради недонесување на законот за бранители.
Ќе реагира ли било кој што претходно ќарил поени и станал пратеник, премиер, директор на грбот на бранителите?
Епа бранители, народе, чорба…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изет Меџити се заканува, Ковачки го нема…
Една година пред да станат власт, пратениците…
СДСМ: „Не гледај што правам, туку слушај…
„Не гледај што правам, туку слушај ме…
Левица: Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат…
Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат од…
Град Скопје: Перински ги потона во вода…
Градот Скопје реагира на изјавата на министерот…
Апасиев го сподели „новото лого“ на ВМРО-ДПМНЕ
По вчерашната седница за интерпелација на собранискиот…