Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти
Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје одѕивот за избр на градоначалник е 2,46 отсто.
– Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори, рече Кондарко на прес-конференција.
Тој соопшти дека единствено во Дојран на избирачкото место 0385 поради технички пробеми со смарт картица на уред за биометриска идентификација имало мал застој, но проблемот е решен и гласањето тече непрекинато.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти
Одѕивот на вториот круг од локалните избори…
Историски најниска излезност на локалните избори: За…
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…
Рекордна излезеност во Џорџија на првиот ден…
Во американската држава Џорџија вчера беше надминат…
Излезеноста до 13 часот е речиси 26%
Излезеностана прегласувањето на неколку избирачки места во…
Излезеноста до 9 часот за претседателските избори…
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски…