Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти
Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. На ниво на Град Скопје одѕивот за избр на градоначалник е 2,46 отсто.
– Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори, рече Кондарко на прес-конференција.
Тој соопшти дека единствено во Дојран на избирачкото место 0385 поради технички пробеми со смарт картица на уред за биометриска идентификација имало мал застој, но проблемот е решен и гласањето тече непрекинато.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
13,5% излезеност на изборите во Бугарија до…
До 11 часот наутро, излезноста на гласачите…
ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите…
Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00…
До 18 и 30 часот гласале 40,45…
Најновите информации за излезеноста на вториот круг…
Излезеноста на локалните избори до 17 часот…
Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција посочи…
Излезеноста до 15 часот е 30,26%
Државната изборна комисија попладнево на прес конференција…