Измама со СДС пораки и во Србија!

t

Центарот за одговор на напади на информацискиот систем на МВР на Србија денеска упати предупредување до сите граѓани дека т.н. „фишинг“ измама со СМС пораки која е наменета за корисниците на поштенските услуги.

Како што наведуваат од српското МВР, на корисниците им се испраќа лажна СМС порака со информација дека пратката не може да им биде доставена поради нецелосни информации и дека линкот во пораката треба да се отвори за достава.

Со кликнување, или активирање на линкот, граѓаните се пренасочуваат на лажна веб-страница на ЈП „Пошта Србија“, каде се бараат лични податоци и податоци за платежни картички.

„Со внесување на овие податоци на лажна веб-страница, напаѓачите можеле да земат пари од сметките на граѓаните. Доколку не очекувате пратка, постои можност да се работи за измама“, се нагласува во соопштението на МВР.

За да се заштитат од измами, МУП ги советува граѓаните да не активираат линк или да отвораат прилог порака без претходно да бидат сигурни кој е испраќачот.

Граѓаните да не се јавуваат на бројот од кој пристигнала сомнителната порака и да не комуницираат со испраќачот на СМС пораката.

„Доколку пораката содржи информации за компанија или во овој случај јавно претпријатие, обидете се директно да контактирате со нив, нивните броеви и адреси се јавно достапни. Сериозните компании, јавните претпријатија, државните органи и системските администратори никогаш нема да бараат од вас да ги внесувате вашите лични податоци преку СМС порака. ЈП „Пошта Србија“ никогаш нема да бара ваков вид на плаќање од вас“, советуваат од МУП.

Како што е посочено во предупредувањето, напаѓачите се обидуваат линкот во СМС пораката да биде што е можно повеќе сличен на оригиналниот линк – наместо „posta.rs“ можат да напишат слична врска, како на пр. „postas-rsd.top“.

„Доколку сте ги внеле податоците од вашата платежна картичка, треба веднаш да се јавите во банката за да можат што поскоро да ја блокираат картичката и да спречат неовластени трансакции. Ако сте ги внеле вашите ингеренции, т.е. корисничко име, е-маил адреса, лозинка и други лични податоци за логирање во е-банкинг, потребно е веднаш да ја смените лозинката за пристап или итно да се обратите до банката за промена на лозинката“, советуваат од МВР.

Предупредувањето го привлекува вниманието на фактот дека најверојатно е измама ако СМС пораката содржи многу правописни грешки, ако се измешаат две букви – латиница и кирилица или два јазика – англиски и српски.

Не препраќајте сомнителни пораки до вашите пријатели“, се заклучува во соопштението на МВР, весникот Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…