Објавено на:

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители на загинати во пожарот во Кочани

t

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископ Јаков, а дополнително измамниците ја користат трагедијата на семејствата на загинатите од кочанската дискотека. Од Епархијата алармираат дека станува збор за грозоморна измамничка шема преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги.

Осомничена е фејсбук-групата „Библиска Македонија“.

-До нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство, соопштија од Епархијата.

-Грозоморна измама, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените. Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско.

Ниту Митрополитот Струмички г. Наум, ниту неговиот викарен Епископ г. Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга. Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн, верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците, потенцираат од Епархијата.

Случајот е пријавен во полиција, информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамници продавале „молитви во тегли“ на родители…

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка…

Кривична пријава за Бугарин и охриѓанец: Лажно…

Поради постоење основи на сомнение за сторени…

Измамници плаќале патарина со лажни монети од…

Во Македонија циркулираат лажни монети од 2…

Измамници од Дебар 12 години ограбувале пензионерка:…

Двајца жители на Дебар во текот на…

Приведени измамници во Кисела Вода: Земале голема…

На 25.02.2022 во 17.20 часот на ул.“Востаничка“…