Измамници плаќале патарина со лажни монети од две евра!

t

Во Македонија циркулираат лажни монети од 2 евра, а од МВР потврдуваат дека најмногу се користат за плаќање на патарина.

Добиле поплаки најмногу од наплатните пунктови на државните патишта во текот на летната сезона. Од претпријатието откриле не само лажни монети од по две, туку и од по едно евро. Вкупната сума изнесува 14.533 евра, за која претпријатието е измамено.

„Според нашите податоци за периодот од 22.11.2022 до 31.07.2023 година откриени се вкупно 7.141 фалсификувани монети од по 2 евра со вкупна вредност од 14.282 илјади евра и 251 фалсификувана монета од по 1 евро во вредност од 251 евро. Вкупно се откриени 14.533 фалсификувани евра“, велат од ЈП за државни патишта.

Од државни патишта додаваат дека за да ги заштитат вработените наплатувачи од ваквите појави, сите приходи од уплатните места ги обезбедуваат во осигурителни компании. Потоа преку нив го вршат повратот, со кој секој вработен се компензира за вредноста што морал да ја даде за да си ја усогласи касата со дневниот промет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовско обвинителство: Фалсификуваните евра се печатени во…

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето…

Измамници плаќале патарина со лажни монети од…

Во Македонија циркулираат лажни монети од 2…

Камион се заби во патарина пред Куманово

Камион се заби во наплатната станица „Романовце“…

Акција на МВР во Куманово: Пронајдени марихуана…

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во…