Изминатата година опаднал бројот на македонски граѓани кои добиле бугарско државјанство
Во последните две-три години опаднал бројот на граѓани на Македонија што стекнале државјанство на Бугарија, заостанувајќи зад тие на Украина, Турција и Молдавија, покажува отчетот на Комисијата при потпретседателката Илијана Јотова.
Бројот на Македонци што добиле бугарски пасош минатата година не е прецизиран, освен дека станува збор за околу 1.700 лица, со што од врвот на странски граѓани што станале државјани на источниот македонски сосед паднале на четвртото место.
Во 2024 година лидери во тој поглед се Украинците со 2.436 добиени државјанства на Бугарија, пред Турците со 2.163 и Молдавците со 1.887.
Веднаш зад Македонците се државјаните на Албанија со 1.328, потоа на Србија, на Русија, на Израел, на Сирија итн., а најдалечната држава е Аргентина со 108.
Во првата половина од годинава нови Бугари станале 6.581 странци, а од 2019 година до 30 јуни 2025 бројот достигнал 87.305.
Поради зголемениот интерес, кон крајот на јуни Владата во Софија десеткратно ја зголеми таксата за добивање или за обнова на бугарското државјанство – од 30 на 300 лева (над 150 евра).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изминатата година опаднал бројот на македонски граѓани…
Во последните две-три години опаднал бројот на…
Во Бугарија пријавени рекордни бројки на странски…
Бугарија известува за рекордно враќање на Бугари…
ДУИ цитира српска министерка: За Српскиот свет…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
Бугарските медиуми љубоморни на Македонија? „Уште еден…
Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ…
Бугарскиот премиер со Кошта: Македонија да ги…
Единствениот пат напред за Република Северна Македонија…