Бугарските медиуми љубоморни на Македонија? „Уште еден срам за нас. Северна Македонија ја предводи својата група“
Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ љубомори на фудбалската репрезентација на Македонија, па нејзината „петарда“ против Лихтенштајн и враќањето на врвот на табелата во квалификациската група за Светското првенство го оценува како – срам за Бугарија?!
„Уште еден срам за нас. Северна Македонија ја предводи својата група“, е насловот на „Стандард“, кој успехот на соседот го става во корелација со катастрофалниот почеток на мундијалските квалификации за бугарскиот национален тим со поразите од по 3:0 против Шпанија во Софија и од Грузија вчера во Тбилиси.
Наспроти Македонија, која е лидер во групата Ј со 11 бода, еден повеќе од фаворитите Белгија и Велс, Бугарија без бодови е на дното во групата Е, во која по две одиграни кола води Шпанија со 6, пред Грузија и Турција со по 3.
Во друга поврзана вест „Стандарт“ го цитира поранешниот голман на бугарската репрезентација Пламен Илиев дека „секој може да победи секого, но ние не можеме никого“, мислејќи на црната серија од десет меча без победа, вклучувајќи ги сите годинава.
„Илиев е во право и во првиот дел од својата изјава, бидејќи земји како Северна Македонија се лидери во својата квалификациска група…“, не може да се помири „Стандарт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
ФБИ удри моќна руска хакерска мрежа со…
Бугарија, заедно со САД, Унгарија и Романија,…
Во Бугарија се разгледува решение за проблемот…
Бугарија подготвува нови правила со кои треба…
Откорната таблата пред македонската амбасада во Софија
Поддржувачите на „Фондацијата Македонија“ на контроверзниот Виктор…