Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж дека попречувал тек на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Според весникот, приведен е шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој е одведен на распит поради наводен обид да ја попречи истрагата за оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“.
Истражителите на полициската единица за тешки кривични дела „Лахав 433“ утрово извршиле претрес во домот на Браверман, по што тој бил приведен и однесен на испрашување во седиштето на единицата во градот Лод, под сомнеж дека ја попречувал правдата.
Приведувањето уследи откако поранешниот портпарол на Нетанјаху, Ели Фелдштајн, кој е обвинет, изнесе тврдења дека Браверман знаел за тајната истрага за протекувањето информации со месеци пред таа да стане јавна и дека го уверувал поранешниот соработник дека ќе може да ја стопира истрагата.
Во претходно интервју за телевизијата Канал 12, Фелдштајн изјави дека Браверман побарал да се сретнат доцна навечер во подземен паркинг во воениот штаб „Кирија“, каде што го информирал дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнале истрага за протекување информации.
Браверман, инаку, во наредните месеци треба да ја преземе функцијата амбасадор на Израел во Обединетото Кралство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот…
Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок…
Поранешниот бугарски МНР, Николај Младенов, ќе го…
Поранешниот бугарски министер за надворешни работи и…
Израел ќе отстрани над 20 хуманитарни организации…
Израел во вторникот соопшти дека ќе суспендира…
Пезешкијан: Иран е во тотална војна со…
Во интервју објавено од иранските државни медиуми,…
Кац: Израел никогаш нема целосно да се…
„Ќе има значајна безбедносна зона во рамките…