Израелскиот премиер најави план за евакуација на Палестинците од градот Рафа
Бенјамин Нетанјаху премиерот на Израел изјави дека наскоро ќе го одобри планот за евакуација на цивилното население од воената зона.
Премиерот Нетанјаху два дена по разговорот со американскиот претседател Џо Бајден, рече дека ја цени неговата поддршка ни дека американскиот претседател побарал од него да претстави предлози за хуманитарна помош и други аспекти од војната.
Израелскиот лидер потсети дека веќе е одобрен оперативниот план за офанзивата во Рафа.
„Додека се подготвуваме да влеземе во Рафа, за што ќе биде потребно извесно време, продолжуваме да дејствуваме со сите сили. Продолжуваме да дејствуваме во Кан Јунис, во централните кампови, за да ги елиминираме и заробиме високите функционери на Хамас, како што направивме во болницата Ал Шифа додека елиминиравме стотици терористи“, рече Нетанјаху.
Според израелските медиуми, Нетанјаху не се откажува од копнената офанзива во Рафа, каде што повеќе од половина од двомилионското население на Газа се засолни од конфликтот во други области, а Бајден го предупредува дека мора да ги заштити цивилите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…
Израел ќе одговори со сила на секој…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Трамп: Да бев претседател, немаше да има…
Она на што сме сведоци во Израел…