Објавено на:

Израелско воено радио: Армијата почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа, се подготвува офанзива

t

Израелската армија (ИДФ) почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, пред да започне офанзива во тој град, јави денеска израелското воено радио.
Израелската армија официјално не ја потврди оваа информација, пренесува Ројтерс.
Радиото објави дека евакуацијата во моментов е фокусирана на неколку периферни области на Рафах од кои Палестинците ќе бидат насочени кон населбите со шатори во блиските Кан Јунис и Ел Муваси.


Во исто време, „Тајмс оф Израел“ пишува дека ИД ги повикува Палестинците да ги евакуираат источните населби Рафах пред планираната офанзива.
Според извештаите, цивилите се повикани да се евакуираат во проширената хуманитарна зона во областите Ел Маваси и Кан Јунис.
Повеќе од милион Палестинци се засолниле во Рафах, каде што побегнале од конфликтот во другите делови на Појасот Газа, а западните земји и Египет изразија сериозна загриженост дека израелската офанзива врз градот ќе доведе до голем број цивилни жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Трамп: Да бев претседател, немаше да има…

Она на што сме сведоци во Израел…