Израел ги нападна лидерите на Хамас во Катар
Израел во вторник (9 септември) ги нападна лидерите на Хамас во Катар, проширувајќи ја својата воена акција на Блискиот Исток до оваа арапска држава каде што палестинската група, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка, долго време има своја политичка база.
Катар, кој заедно со Египет дејствува како посредник во разговорите за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Појасот Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и како флагрантно кршење на меѓународното право.
Два извори од Хамас за новинската агенција Ројтерс изјавија дека претставници на оваа група, кои биле дел од преговарачкиот тим за прекин на огнот, го преживеле нападот.
Израелски претставници за Ројтерс изјавија дека нападот бил насочен кон високи лидери на Хамас, вклучувајќи го и Калил ал-Хаја, шефот на групата во Појасот Газа кој е во егзил и главен преговарач.
Сведоци раскажуваат дека во Доха се слушнале неколку експлозии. Црн чад се издиганал од бензинска пумпа во градот. До неа се наоѓа мал станбен комплекс кој од почетокот на конфликтот во Газа е под 24-часовно обезбедување од катарските емиратски гардисти.
На улиците околу местото на експлозијата еден час по нападот беа забележани амбулантни возила и најмалку 15 полициски и необележани владини возила.
Израелските сили ликвидираа неколку високи лидери на Хамас откако радикалната група го нападна Израел во октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи 251 заложник, според израелските статистики.
Оттогаш, Израел започна и со воздушни напади и други воени акции во Либан, Сирија, Иран и Јемен за време на конфликтот во Газа.
Во Либан, го нападна Хезболах, поддржан од Иран, а во Јемен, започна воздушни напади против Хутите, исто така поврзани со Иран. Двете групи започнаа напади врз Израел за време на конфликтот во Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ги нападна лидерите на Хамас во…
Израел во вторник (9 септември) ги нападна…
Израел нареди евакуација на цела Газа пред…
Израел утрово нареди евакуација на палестинските цивили…
Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа,…
Израел им порача на жителите на Газа…
Педро Санчез: Ќе им забраниме влез на…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави девет…
Нетанјаху по терористичкиот напад во Ерусалим: Во…
Премиерот Бенјамин Нетанјаху пристигна на местото на…