Педро Санчез: Ќе им забраниме влез на сите што учествуваат во геноцид
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави девет мерки против Израел, вклучително и ембарго за оружје, насочени кон „запирање на геноцидот“ што земјата го спроведува во Палестина.
„Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да изгладнуваш деца“, рече Санчес во говорот од зградата на владата во Мадрид.
„Не станува збор за одбрана, па дури ни за напад, туку за истребување на народ кој не може да се одбрани. Тука се прекршени сите закони на хуманитарното право“, додаде тој. Санчез ја обвини меѓународната заедница за соучество во злосторството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, потсетувајќи дека израелската армија убила 63.000 луѓе, ранила 159.000, изгладнала 250.000 и протерала повеќе од 2 милиони од своите домови.
„Шпанската влада итно ќе усвои мерка за правно регулирање на воведувањето ембарго за оружје врз Израел“, рече Санчес.
Ембарго и забрани за пристаништа и воздушен простор
Ова ќе забрани купување и продажба на оружје, муниција и воена опрема на Израел. На шпанските пристаништа нема да им биде дозволено да примаат бродови што транспортираат гориво за израелската армија, додека на авионите што транспортираат резерви за вооружените сили таму ќе им биде забрането да влегуваат во шпанскиот воздушен простор.
„Ќе забраниме влез во Шпанија на сите лица кои директно учествуваат во геноцид, кршење на човековите права и воени злосторства во Појасот Газа“, рече премиерот. Шпанија, исто така, ќе го забрани увозот на сите производи што доаѓаат од израелските населби во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа со цел „да се бори против окупацијата, да ги запре присилните протерувања и да го олесни решението за две држави“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…
Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…