Израел го нападна Јемен – Нетанјаху: Ова е само почеток
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека израелската војска „нападнала и сериозно оштетила“ пристаништа во Јемен кои се под контрола на Хутите.
Во објава на социјалните мрежи, Кац не прецизираше кои пристаништа се засегнати.
Сепак, како што објави телевизијата „Ал Масира“, поврзана со Хутите, целта на нападот било пристаништето ас-Салиф во губернијата Ходеида. Израелските медиуми, исто така, објавија напади врз пристаништата Ходеида и Рас Иса.
„Доколку Хутите продолжат да испукуваат ракети кон Државата Израел, ќе претрпат болни удари“, рече Кац, кој исто така се закани дека ќе го „елиминира“ лидерот на Хутите, Абдул Малик ал-Хути.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите се „само почеток“.
„Нема да стоиме настрана и да им дозволиме на Хутите да нè нападнат. Ќе ги удриме уште посилно, вклучувајќи го и нивното раководство и целата инфраструктура што им овозможува да нè нападнат“, рече тој во соопштение објавено на официјалниот профил на владата на социјалните мрежи.
Тој понатаму ги опиша Хутите како „само алатка“, истакнувајќи дека „Иран стои зад нив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…
Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…