Објавено на:

Израел го прифатил предлогот за прекин на огнот, Палестинците го одбиле

t

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја отфрли понудата, објави израелската телевизија Канал 12, цитирајќи неименувани палестински извори.

Во извештајот се наведува дека е предложен прекин на воените дејствија во шест часот во понеделник или три часот во вторник.

Во меѓувреме, израелската ТВ Канал 12 објави дека анонимен израелски функционер потврдил дека во тек се „контакти“ за воспоставување целосен прекин на огнот, исто така, преку Египет.

Израелски извори за информативниот портал „Вал а“ изјавија дека Израел е загрижен дека влошената хуманитарна ситуација во Појасот Газа може да ја наведе поголемата екстремистичка организација Хамас да се приклучи на борбите.

Израелските медиуми јавуваат дека прекинот на огнот би овозможил доставување на гориво за електраната во Појасот Газа. Сега на таа територија има струја само четири часа дневно.

Исламски џихад, наводно, отфрлил сличен предлог за прекин на огнот и вчера, велејќи за ТВ Ал Мајадин, поврзана со либанскиот екстремистички Хезболах, дека „сега е време да се одговори на злосторствата на окупаторите”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…