Израел и Хамас никогаш не се поблиску до договор, објави Катар: „Основните проблеми се испеглани, но мора да бидеме внимателни“
Министерот за надворешни работи на Катар, земјата која е посредник во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, зборуваше на прес-конференција и рече дека не може да вети дека прекинот на огнот ќе биде објавен денеска, но сепак даде надеж дека тоа ќе се случи, пренесува Би-Би-Си.
– Многу е тешко да се одреди временската рамка, но ние сме што е можно поблиску до постигнување прекин на огнот во однос на секој момент досега, рече Мајед Ал Ансари и потврди дека до двете страни се доставени два нацрти.
– Ние сме многу блиски и оптимисти за договорот, додаде Ал-Ансари и апелираше до двете страни да го потпишат договорот за што поскоро да заврши војната.
Запрашан од новинарите што го прави договорот за прекин на огнот поверојатен овој пат отколку порано, тој рече дека администрацијата на Бајден и администрацијата на Трамп целосно учествувале во неодамнешните разговори и работат во тандем за да обезбедат постигнување договор. Тој исто така додаде дека во текот на последните денови се решени главните прашања што го спречуваат постигнувањето договор.
Катар, вели тој, овојпат е особен оптимист и се надева дека ќе се постигне договор. Иако најголемите предизвици се надминати, тој посочува дека преговорите се уште не се завршени.
– И најмал детал може да го поткопа целиот процес. Основните проблеми се испеглани, но тоа не значи дека се е решено, заклучил Ал-Ансари, пренесува Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел и Хамас никогаш не се поблиску…
Министерот за надворешни работи на Катар, земјата…
(Видео) За Владата протестите на УПОЗ се…
Владата е изненадена што УПОЗ како прв…
(Видео) Талески: Експресниот пат Градско – Дреново…
Почитувани граѓани на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево,…
Руте: НАТО на Балтикот започнува нова мисија…
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска…
Илон Маск вгради чип во мозокот на…
Чипот на компанијата Neuralink на американскиот милијардер…