(Видео) За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани
Владата е изненадена што УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот, наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање, рече денеска портпаролката на Владата, Марија Митева зборувајќи на прес конференција за протестот на дел од јавната администрација
Митева рече дека Владата е подготвена да разговара на секоја тема, но потенцираше дека секој штрајк треба да биде организиран во согласност со законот, да биде спроведена и постапката за помирување која е задолжителна и да се определат можни работи кои мора да се вршат.-Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и остава силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран. Владата е отворена за секаков вид на предлози и сугестии, рече Митева.
-Интересно е што изминативе години, овој синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на синдикатот кој што делува како продолжена рака на партиите кои досега ги злоупотребуваа правата на работниците, додаде Митева.
Владата не е задоволна од нивото на платата на администрацијата, но, тврдат дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…