Објавено на:

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички напади

t

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални „терористички напади“ врз нејзините спортисти и туристи од терористички групи поддржани од Иран за време на Олимписките игри во Париз.

– Некои луѓе се обидуваат да му наштетат на овој радосен настан, и напиша израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, на својот француски колега Стефан Сежурн.

– Во моментов имаме проценки за потенцијални закани од ирански терористички групи и други терористички организации кои имаат за цел да извршат терористички напади врз членовите на израелската делегација и израелските туристи за време на Олимписките игри, додаде Кац.

Франција воведе обемен безбедносен систем за гарантирање на безбедноста за време на Олимпијадата од 26 јули до 11 август.

Сите израелски спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата, која официјално почнува утре, ќе имаат 24-часовно лично обезбедување од елитната француска полиција, како во олимпиското село, така и кога ќе го напуштат кампусот.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах и францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот го отфрлија палестинското барање на Израел да му се забрани да учествува на Олимпијадата поради војната во Газа.

Палестинскиот олимписки комитет повика на забрана на израелските спортисти од Олимпијадата, велејќи дека бомбардирањето во Појасот Газа е кршење на олимпиското примирје.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…

Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…

Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…

Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…

Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…

Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…

Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…