Објавено на:

Израел 54 пати го прекршил договорот за прекин на огнот, тврдат од Либан

t

Претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери повика на мерки против Израел за, како што наведе, 54 прекршувања на договорот за прекин на огнот, пренесува „Гардијан“.

„Спротивно на сè што е промовирано во медиумите… она што го прават израелските окупациони сили, од агресивните акции на уривање куќи во либанските погранични села со окупираната Палестина, е во прилог на продолжувањето на воздушните напади и извршување напади кои постојано ги таргетираа длабочините на либанските области, при што загинаа маченици, а имаше и ранети“, изјавил тој на социјалните мрежи.

„Сите овие дејства претставуваат јасно кршење на членовите од договорот за прекин на огнот“, додал тој.

Вчера француските дипломати наведоа 52 прекршувања на примирјето од страна на Израел. Израел го негираше ова, а израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар, наводно, денеска телефонски му рекол на својот француски колега Жан-Ноел Баро дека Израел „ги спроведува (условите на прекинот на огнот) соочени со прекршувањата на Хезболах, кои бараат итен одговор во реално време“, тврдејќи дека оперативците на Хезболах биле видени вооружени јужно од реката Литани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јеменски напад во Израел, сирени во…

Нов напад од јеменската бунтовничка група во…

Израел формира директорат за раселување на Палестинците…

Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…

Израел го нападна Либан

Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…

Израел ја прекина струјата во Газа

Израел објави дека ја прекинува струјата во…

Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…