“Илинден – македонски национален празник”: Статии на бугарски весници за 20 години од Илинденското востание, никаде не се споменува Преображенско, ниту има Бугари

t

Фотографии од стари изданија на весници во Бугарија  го покажуваат одблежувањето на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Таа 1923 година во главниот град на Бугарија се собрале илјадници Македонци да им оддадат чест на Илинденците и на водачот Гоце Делчев кој бил убиен неколку месеци пред кревањето на востанието.

Интересно е што тогаш бугарските медиуми никаде не пишуваат дека тоа е востание на Бугарите во Македонија туку на Македонците а уште помалку го нарекуваат Преображенско востание.

Илинден-национален празник на Македонците- е еден од насловите.

Македонскиот народ си има свој национален празник, тоа е Илинден, пишува во весникот. Потоа се додава дека Македонците храбро се бореле против власта на султанот, дека Гоце Делчев е апостолот на македонската револуционерна борба.

Илинден е дело на целокупниот македонски народ, од децата до старите и најголемо дело на македонскиот народ, пишува во весникот.

Очигледно дека бугарските политичари треба да ги отворат архивите и да прочитаат како се зборувало за Илидненското востание пред точно сто години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…