“Илинден – македонски национален празник”: Статии на бугарски весници за 20 години од Илинденското востание, никаде не се споменува Преображенско, ниту има Бугари
Фотографии од стари изданија на весници во Бугарија го покажуваат одблежувањето на 20 годишнината од Илинденското востание во Софија. Таа 1923 година во главниот град на Бугарија се собрале илјадници Македонци да им оддадат чест на Илинденците и на водачот Гоце Делчев кој бил убиен неколку месеци пред кревањето на востанието.
Интересно е што тогаш бугарските медиуми никаде не пишуваат дека тоа е востание на Бугарите во Македонија туку на Македонците а уште помалку го нарекуваат Преображенско востание.
Илинден-национален празник на Македонците- е еден од насловите.


Македонскиот народ си има свој национален празник, тоа е Илинден, пишува во весникот. Потоа се додава дека Македонците храбро се бореле против власта на султанот, дека Гоце Делчев е апостолот на македонската револуционерна борба.
Илинден е дело на целокупниот македонски народ, од децата до старите и најголемо дело на македонскиот народ, пишува во весникот.

Очигледно дека бугарските политичари треба да ги отворат архивите и да прочитаат како се зборувало за Илидненското востание пред точно сто години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…