Објавено на:

Илон Маск е најбогатиот човек на планетата

t

Според најновата листа на американската агенција Блумберг, најбогат човек во светот е сопственикот на компаниите Тесла, СпејсИкс и социјалната мрежа Икс, Илон Маск, чие богатство моментално се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра).

Основачот на „Оракл“, Лари Елисон, е на второ место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е на трето место со проценето богатство од 265 милијарди долари (229 милијарди евра).

Коосновачите на „Гугл“, Лари Пејџ и Сергеј Брин, се на четврто и петто место со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).

Основачот на „Мета“, Марк Закерберг, е на шесто место со проценето богатство од 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е на седмо место со проценето богатство од 191 милијарда долари (165 милијарди евра).

Арно е исто така единствениот неамериканец меѓу 15-те најбогати луѓе во светот. Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, е 15-тиот најбогат човек, со проценето богатство од 117 милијарди долари.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, минатиот месец стана првиот човек во историјата што достигна нето вредност од над 500 милијарди долари, благодарение на порастот на вредноста на компанијата за електрични автомобили и неговите други бизниси оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илон Маск е најбогатиот човек на планетата

Според најновата листа на американската агенција Блумберг,…

Блумберг: Велика Британија и Европа се лизгаат…

Велика Британија, како и поголемиот дел од…

Блумберг: Американската „олигархија“ се збогати за 1,5…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој ја напушта…

Блумберг ја објави листата на најбогатите семејства…

Годинешниот рејтинг за прв пат го предводи…

Блумберг: Русија годинава ќе ја заврши со…

Суфицитот на тековната сметка на Русија нагло…