Илон Маск повторно е најбогат човек на светот
Илон Маск повторно е на врвот на листата на „Блумберг“ за најбогати луѓе во светот, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Извршниот директор на „Тесла“ беше соборен од првото место од Бернар Арно, извршен директор на конгломератот на француските луксузни брендови „ЛБМХ“, минатиот декември, па Маск беше втор на листата повеќе од два месеци.
Од понеделникот, растот на акциите на „Тесла“ го врати Маск на врвот на индексот на милијардери во реално време.
Нето богатство на Маск беше околу 187,1 милијарди долари по затворањето на пазарот во понеделникот, пишува „Блумберг“, надминувајќи го богатството на Арно од 185,3 милијарди долари.
Акциите на „Тесла“ драстично паднаа минатата година поради проблематичното купување на „Твитер“ од страна Маск и поширокиот пад на технолошкиот пазар, но оттогаш акциите на производителот на електрични возила се зголемија.
Маск ја носи титулата најбогат човек во светот, но го држи и рекордот за најголемо богатство што некој го изгубил во историјата.
Кон крајот на минатата година, Маск стана првиот човек кој загуби 200 милијарди долари, откако неговото нето богатство падна од околу 340 милијарди долари во ноември 2021 година на 137 милијарди долари во декември 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов бисер од Елон Маск за тоа…
Постои една стара изрека, рече Маск -…
Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…
Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…
Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…
Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…
Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…