Илон Маск ја лансира алтернативата на Википедија – „Grokipedia“

t

Илон Маск ја лансираше алтернативата на Википедија – Грокипедија, објави NBC News.

Според Маск, „Грокипедија“ работи на вештачка интелигенција и е дизајнирана да биде поблиску до неговите конзервативни политички ставови.

„Грокипедија“ се разликува од Википедија во барем еден клучен аспект: нема јасни човечки автори. Додека волонтерите пишуваат и уредуваат Википедија, честопати анонимно, според Маск, статиите на „Грокипедија“ се „проверени според фактите“ од „Грок“, чет-ботот за вештачка интелигенција од стартапот xAI на Маск. Посетителите на „Грокипедија“ не можат да прават измени, иако можат да ги предложат преку формулар за да пријават дезинформации.

Од своја страна, Википедија соопшти дека е во процес на разбирање како функционира Грокипедија. „Знаењето на Википедија е – и секогаш ќе биде – човечко. „Преку отворена соработка и консензус, луѓе од сите средини градат неутрален, жив запис за човечко разбирање – таков што ја одразува нашата разновидност и колективна љубопитност. Ова знаење генерирано од човекот е она на што се потпираат компаниите за вештачка интелигенција за да генерираат содржина, дури и Грокипедија има потреба од Википедија за да постои“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов бисер од Елон Маск за тоа…

Постои една стара изрека, рече Маск -…

Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…

Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…

Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…

Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…

Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…