Објавено на:

Илјадници граѓани протестираат во Брисел против подемот на екстремната десница во Европа

t

Околу 4.500 луѓе учествуваа во Брисел на „социјалистички и антифашистички марш“ против подемот на екстремната десница во Европа.

И покрај дождот, демонстрантите маршираа низ улиците на главниот град на Белгија до Европскиот парламент, на повик на Антифашистичката координација на Белгија, коалиција од дваесетина организации.

„Според агенцијата Белга, на влезот во зградата во која се наоѓаат просториите на екстремната десничарска, сепаратистичка, фламанска партија Вламс Беланг, биле исцртани анархистички табли, на фасадата биле фрлени димни бомби и контејнери за ѓубре“, пренесе „Н1“.

Изборите за Европскиот парламент што се одржаа од 6 до 9 јуни ширум ЕУ беа обележани со подемот на екстремно десничарските партии, особено во Франција и Германија.

Во Белгија на парламентарните избори одржани на 9 јуни најмногу гласови освоија десничарските и десноцентристичките партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките…

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ,…

30-годишник живеел со малолетничка во Скопско

Вчера во 03.50 часот полициски службеници од…

(Видео) Навивачите на Англија фрлаа чаши кон…

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го коментираше…

Кварцхелија за дуелот со Португалија: Се надевам…

Најдобриот грузиски фудбалер, Квича Кварацхелија, ги сподели…

Денеска се празнуваат Света Ана и нејзиниот…

Како сираче земена во куќа на големци…