Објавено на:

Илјадници грчки полицајци и медицински персонал се во карантин

t

Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал. Претседателот на федерацијата на вработени во државните болници Михаилис Јанакос изјави дека околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со Ковид-19. Тој објасни дека поголемиот дел од заболените здравствени работници се од болниците во Атина и околината.

Јанакос побара да се променат упатствата на Националната организација за јавно здравје и задолжителниот карантин за заразените да се зголеми од пет на десет дена.

Министерството за здравство пред два дена соопшти дека поради брзото ширење на Омикрон, зголемен е притисокот врз здравствениот систем и ќе започне мобилизација на приватни лекари за да помогнат во битката со Ковид-19.

Грчките медиуми јавуваат дека освен голем број здравствени работници во карантин се и голем број полицајци, околу 2.000 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…