ИМАМ ПОДАРОК ЗА НЕГО, ЌЕ ГО ДОНЕСАМ ВО УЧИЛИШТЕ: Реконструкцијата покажува дека Коста испукал 57 куршуми, на аудиото се слушаат вресоци
Дури 57 куршуми испукал 13-годишниот Коста Кецмановиќ во масакрот во училиштето Владислав Рибникар, а првите 14 куршуми биле за чуварот од обезбедувањето, Драган Влаховиќ кон кого момчето го вперило пиштолот откако влегло во училиштето.
Според објавен разговор на месенџер Коста на пријател му најавил дека „има подарок“ за еден свој врсник.
„Зошто, што се случи? Да не беше поради Игор? Не знаеше дека толку ќе се изнервираш“, пишува пријателот.
„Имам подарок за него, утре ќе го носам на училиште , мислам дека ќе се израдува кога ќе го види“, одговоил Коста К. според објавената слика од разговорот.
Пријателот прашува што е тоа, а Коста му испраќа фотографија од пиштол.
По патот убил две девојчиња, учениците мислеле дека звукот е од петарди
Се смета дека Коста К. цел месец го планирал масакрот. Аудиоснимка пак, од соседна училница до онаа во која се случило пукањето дава можност да се реконструираат делови од настанот.
Откако го убил чуварот со 14 куршуми, Коста се упатил кон училницата каде се одржувал част по историја, а по патот пукал и убил две девојчиња. Потоа влегол во училницата, почнал да пука во учителката, која ја ранил, а потоа се свртел кон другарите. Убил осум соученици, а ранил уште седум деца.
На вознемирувачката аудиоснимка се слуша како децата од една соседна училница отпрвин се смејат кога ги слушаат пукотниците мислејќи дека се петарди, а учителката ги смирува велејќи „седете, седете“.
Набрзо потоа се слушаат вресоците на децата од ходникот кои бараат помош.
На снимката се слуша и една ученичка која вели „не е ништо смешно“.
https://twitter.com/KalabasterJak/status/1654028695751753731?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1654028695751753731%7Ctwgr%5E04be3ac9ef4bf6b1db39fffefb14d7b3e6044fb7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fimam-podarok-za-nego-e-go-donesam-vo-uchilishte-rekonstrukci-ata-pokazhuva-deka-kosta-ispukal-57-kurshumi-na-audioto-se-slushaat-vresoci%2F
Ве молам, помагајте!
Пукотниците продолжуваат да се слушаат, а гласот на децата кои молат за помош е сè посилен и се чини поблиску до училницата во која се наоѓале децата.
„Ве молам, помагајте“, се слуша гласот на едно девојче од ходникот.
Учителката веднаш реагирала и побарала од децата да не ја напуштаат училницата.
„Ве молам не излегувајте. Ве молам, некој влезе со пиштол“, рекла таа.
Коста К. сам се пријавил во полиција
Потоа, додека неговите врсници врескале, Коста го напуштил училиштето и, според медиумите, го ставил пиштолот до него, на скалите во училишниот двор. Не чекал и самиот повикал полиција во 8 часот и 42 минути и рекол:
– Јас сум Коста Кецмановиќ, застрелав неколку луѓе.
Кога дошла полицијата, тој не дал отпор при апсењето. На испрашувањето кое следело подоцна Коста бил ладнокрвен и не му се треселе рацете.
– Ги убив затоа што сум психопат кој треба да се смири – рекол тој на распитот.
Во речиси исто време кога тој ја повикал полицијата, помошник-директорката на училиштето, Ивана Јовановиќ, се јавила во брзата помош.
– Околу 08:40 часот итна помош повикала Иванка Јовановиќ, помошник-директор на училиштето… Таа пријавила дека во училиштето влегло дете со огнено оружје и пукало – изјави Веселин Милиќ, началник на белградската полиција.
„Разговарајте со децата“
На таткото на Коста К. му беше определен 48-часовен притвор. На распит таткото рече дека син му велел дека се чувствува отфрлен од општеството, но дека не забележал ништо чудно кај него. Тој исто така изјави дека не знае како синот ги знаел шифрите на сефот во кој тој ги чувал пиштолите и пушките.
Коста К. носел со себе два пиштоли и четири молотови коктели во ранецот.
„Разговарајте со децата“, гласеше еден транспарент меѓу многуте на синоќешниот собир во Врачар и во повеќе српски градови каде илјадници граѓани запалија свеќа за жртвите.
Слика од жрвите се појави на социјалните медиуми. Нивниот идентитет беше јавно откриен. Се работи за А.Б., Б.А., С.Н., убиени и пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.
Во училницата на приземјето пак, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот Коста К., убиени се А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.
Убиените деца се родени во 2009-та и 2011-та година.
Дел од децата пак, кои беа ранети, уште се во критична состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…
Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара…
На големи неправилности уште вечерта кога гореше…
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…