Има само шест години: Малиот Никола од Србија продава играчки за да собере пари за лекување на болни деца!
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал хуманитарец со големо срце. Ова шестгодишно дете ги продава своите играчки за да им помогне на болните деца, пишува РТС.
Со нетрпение ја очекува секоја играчка кога ќе ја добие, а сега е среќен кога ќе продаде една од нив за да им помогне на другите. Покрај импровизираната тезга од картонски кутии, Никола сака да собере што повеќе пари за болните деца.
„Видов како мајка ми собира пари за болни деца, ми текна да продавам играчки за болни деца“, вели Никола Јовиќ и додава дека прави и нараквици за болни деца.
Прво продавал играчки пред куќата, а сега е во барот каде работи мајка му.
„Имаше еден човек кој има дете со посебни потреби, дојде, го гушна, му донесе слатки, стави во кутија, сите не расплака“, вели Јована Јовиќ, мајката на Никола.
Парите од продажбата ги става во кутија за, како што вели, сите негови пријатели на кои им е потребна помош.
Доаѓаат, некои даваат двесте, некои даваат сто“, вели Никола Јовиќ.
Наредната година Никола тргнува во прво одделение. Неговата желба е да биде војник или пилот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…