ИМ СОБРАЛЕ ПАРИ ВЕТУВАЈЌИ ИМ ГЕРМАНСКИ ВИЗИ: Приведени две жени во Гостивар

t

Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик, информира полицијата.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (20.03.2023) околу 14.15 часот ги лишиле од слобода 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново.

Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила повеќе од пет измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок.

Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред…

Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња…

4,3 ТОНИ МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОСТИВАРСКО!

Од правно лице во село Врапчиште –…

Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел,…

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…

Забрана за тешки товарни возила на правецот…

Од ЈП јавно претпријатие за одржување и…

Лажни се денешните дојави за бомби во…

МВР информира дека денешните дојави за поставени…